Шарлиз Терон во врска со познат манекен од нашите простори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудската актерка Шарлиз Терон (47) е фотографирана со Алекс Димитријевиќ пред ресторан во Лос Анџелес. Оскаровката ја задржала насмевката од лицето и блеснала во лежерно издание, додека манекенот бил во шарена кошула и фармерки.

 

 

Димитријевиќ е познат модел, работел за брендови како „Malbon Golf“, „AG Green Label“, „The Elder Statesman“ и „Combo Boking“, но малку се знае за него. Живее во Лос Анџелес, модел е и се занимава со дизајн. Судејќи по презимето, манекенот потекнува од балканските простори.

 

Да потсетиме, Шарлиз беше во врска со актерот Шон Пен во 2015 година, а се забавуваше и со Крег Бурк, Стивен Џенкинс, Стјуарт Таунсенд и манекенот Габриел Обри. Шарлиз помина речиси десет години со Стјуарт и тоа беше нејзината најдолга врска, а шокираше многу фанови со потврдувањето на раскинувањето, бидејќи мислеа дека парот е создаден еден за друг.

– Не знам дали некогаш повторно ќе можам да живеам со некого. Искрено, тој некој ќе мора да ја купи куќата до мојата. Не знам дали ќе бидам способна за такво нешто и престара сум за такви глупости. Не ми недостигаат мажи, никогаш не сум се чувствувала осамено и не сум нервозна поради врскиет. Во мојот живот едноставно во моментов нема простор за такво нешто. Би било тешко дури и да не сум самохрана мајка – изјавила таа.

Шарлиз посвои две деца од Јужноафриканската република, од каде таа и потекнува.

- Advertisement -
Ad image

 

Инаку, Шарлиз деновиве беше во Рим, Италија, каде присуствуваше на премиерата на новиот филм „Брзи и бесни“, во кој таа ја има една од главните улоги.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article