More

    Шарл Мишел во конфронтација со Урсула фон дер Лајен

    spot_img

    Планот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, да ја смени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вклучува нејзино држење подалеку од разговорите за нејзината сегашна функција и идните перспективи, пишува бриселското издание на Политико.

    Во разговорите со лидерите на ЕУ и нивните тимови, претседателот на Европскиот совет предложи исклучување на претседателката на ЕК од средбата со лидерите на земјите членки на ЕУ планирана за 17 јуни, на која ќе се разговара за највисоките позиции во ЕУ, тврди Политико, повикувајќи се на европски дипломати, високи функционери и функционери од националните влади.

    – Земјите-членки сѐ повеќе се иритираат од улогата на Шарл Мишел во процесот на избор за претседател на Европската комисија. Се чини дека тој е воден од чисто лични мотиви – истакнува европски дипломатски извор.

    Според изворите на Политико, имало силна реакција од европските престолнини против предлогот на Мишел, а неговото историско ривалство со Фон дер Лајен има клучна улога во нивните односи. Неколку европски метрополи веруваат дека Мишел се обидува да се ослободи од Фон дер Лајен на крајот на нејзиниот мандат, обидувајќи се да го спречи нејзиното потенцијално повторно назначување за претседателка на Европската комисија.

    Лидерите треба да се координираат за следните претседатели на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент, како и за следниот шеф на европската дипломатија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img