More

    Новата влада итно да ги заштити и животните и граѓаните, бара Анима мунди

    spot_img

    Вид кучиња кои во Македонија секојдневно се користат во борби до смрт, за чие одгледување во Европската Унија постои трајна забрана, се чувани на диво, на јавен простор кај Музејот на современа уметност во Скопје. Едно куче било со тегови околу врат, а сите биле во полна сила. Станува збор за пет женки и еден мажјак и ниту едно не било стерилизирано, што укажува дека се користат за расплод.

    Ова го соопшти Здружението Анима Мунди кое побара од сите политички субјекти, консензуално и во најкус рок да донесат измена на Законот за заштита на животните.

    Јавното претпријатие Лајка ги заловило кучињата, повикани биле инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и на МВР.

    „Од ЈП Лајка инсистираа на стерилизација и одземање на сите кучиња укажувајќи дека ова се најексполатирани животни, сопствениците добија амин од АХВ и МВР да се вратат, да излезат од стационар нестерилизирани назад, и да одговараат со глоба од околу 200 евра“, се наведува во соопштението од Анима мунди.

    Оттаму предупредуваат дека само една женка од нејзините легла, за пет години може да достигне и до 60.000 кучиња. Во овој случај станува збор за 5 женки „од раси на кои ништо добро не им се пишува, без евиденција каде и за што ќе завршат, но со најава за црна прогноза“.

    „Ниту АХВ ниту МВР не видоа простор ниту за одземање на животните, ниту за мандаторна стерилизација. Во чувањето кучиња на јавна површина кои имаат сила со еден угриз да убијат животно и човек не препознаа елементи на предизвикување јавна опасност; ниту препознаа индиции за постоење дива одгледувачница за животни чиј пород потоа завршува кој знае каде, но најчесто за учество во борби до смрт. Ова е само една скица на системот кој колабира во мало, радикален фрапантен случај и одговор на прашањето зошто имаме безредие, организиран криминал, напади од животни, бездомни кучиња, па потоа убивање на животни!
    Доцниме многу со регулирањето на одговорното сопствеништво, трговијата со животни; препознавањето и казнувањето на насилството врз животните. Да се забранеше неконтролираното размножување на кучиња, да се регулираше продажната дејност, да се даночеше сериозно секој кој има нестерилизана единка, да се субвенционираше стерилизација на секое вдомено куче, овој проблем одамна ќе беше решен. Да постоеше регистар на сопственици на одредени раси (кои се користат во борби), строги пропозиции за чување, ќе се воспоставеше контрола, ќе запреше голготата на кучињата кои многу често во борба одат и до смрт и граѓаните ќе беа побезбедни“, велат од Анима мунди.

    Оттаму додаваат дека ни сто Лајки не можат да ја намалат бројката на бездомни животни, доколку секој поединец може во секакви услови да размножува куче, да го продава, да го мачи и кога ќе му текне да го исфрли на улица и да не одговара.

    „За нови заловени и третирани во Лајка денес, на улица се појавуваат сто исфрлени нови утре. Само во ЈП Лајка има повеќе од 40тина кучиња од раси кои ако се несоодветно чувани можат да бидат опасни, а повеќето се најдени на улица. И така ќе биде затоа што никакви контроли нема. Бараме новата Влада да внимава при назначувањето министер за внатрешни работи, директор на АХВ, бараме луѓе кои се стручни, амбициозни и отворени за итни и неодложни измени на Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон“, се додава во соопштението од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img