Шакира во новата песна му се намерачи на поранешниот свекор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако ги прозва поранешниот партнер Жерар Пике и неговата нова девојка во нејзината хит песна, Шакира се нафрли на нејзиниот поранешен свекор во новата песна „El Jefe“ (Шефот), која собра повеќе од 3 милиони прегледи за само седум часа, откако беше објавена на Јујтјуб.

„Сонуваш да ја напуштиш населбата, имаш сè што ти треба за да станеш милионер, скап вкус, менталитет, само ти недостига плата“, пее Шакира со мексиканскиот бенд „Фуерза регида“.

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира во песната „El Jefe“ („Шефот“), иако зборува за работничката класа и експлоатацијата кон нив – најголемо внимание привлече со стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор.

„Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал в гроб“, се вели во песната.

Во овој дел од видеото, танчарите ѝ ја покриваат устата на Шакира, како да сакаат таа да не го спомнува тоа. Инаку, таткото на поранешниот опруг на пејачката, Жерар Пике, Жуан е бизнисмен и управува со компаниите на својот син… Па така, многумина претпоставуваат дека Шакира можеби укажува дека и тој ги искористува своите работници.

Шакира ја сними песната заедно со мексиканската група „Фуерза регида“.

Share This Article