More

    Северноатлантската алијанса го обвини претседателот на Русија, Владимир Путин, дека се обидува да ги тероризира цивилите и да ги заплаши сојузниците на Украина

    spot_img

    Северноатлантската алијанса го обвини претседателот на Русија, Владимир Путин, дека се обидува да ги тероризира цивилите и да ги заплаши сојузниците на Украина.

    Путин вчера изјави дека Русија изврши ракетен напад со нов проектил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел. Тој истакна дека Москва „има право“ да ги нападне западните земји кои го снабдувале Киев со оружје против цели во Русија.

    Портпаролот на НАТО, Фарах Дахлалах, изјави дека тоа нема да го промени текот на конфликтот или да ги одврати сојузниците на НАТО да ја поддржат Украина.

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наведе дека нападот врз Дњепар е уште еден доказ дека Русија не е заинтересирана за мир.

    – Русија треба да биде принудена на вистински мир, кој може да се постигне само со сила – рече Зеленски.

    Неименувани дипломати денеска најавија дека претставници на НАТО и на Украина следната недела во Брисел ќе разговараат за руското лансирање на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img