Северна Кореја ја информираше Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 31 мај и 11 јуни, објави во понеделник јапонската телевизија NHK.
-„Силно ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од лансирање и да соработува со релевантните земји како САД и Јужна Кореја“, напиша во понеделникот кабинетот на јапонскиот премиер на Твитер.
Канцеларијата објави дека јапонската влада ќе направи се што може за да собере и анализира информации за лансирањето, пишува Ројтерс.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претходно во мај извршил инспекција на воен сателит, објави државната новинска агенција КЦНА.