More

    Северина објави фотографии со мајка си и синот

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ објави серија фотографии со блиски луѓе на Инстаграм.

    „Лето, втор дел. Мама и моите…“, напиша таа заедно со објавата на која се издвојува фотографијата со мајка ѝ Ана. На албумот има и фотографии со синот Александар, пријателите и најблиските соработници, внуката Мија и многу други… Таа објави и спомени од одморот на островот Врник, каде што веќе традиционално го поминува летниот одмор.

     

    Северина е многу блиска со мајка си Ана.

    „Беше во кома пет месеци откако ме роди, но вели дека вредело“, открила пејачката еднаш за својата мајка.

    „Не лесниот живот го помина со неподнослива леснотија на постоење… Ме бодреше, беше покрај мене кога ми беше најтешко, нејзината смеа ме лекуваше. Таа е мајка на сите мои пријатели. Несебично споделуваше сè, но пред сè љубов, јас сум поради неа… Мамо, среќна сум што токму мене ме роди, ти си мајка на мајките и мојата кралица“, напиша во една прилика Северина.

    Ана застана во одбрана на Северина по конфликтот помеѓу пејачката и нејзината сестра. Да потсетиме, инцидентот се случи во 2022 година, кога Северина на аеродромот ја пречека полицијата, откако нејзината сестра пријавила дека и нанела повреди.

    Сестрите наводно се судриле околу имот, а пејачката тогаш се здоби со повреди. Мајката на Северина тогаш застана во нејзина одбрана и изјави дека нејзината сестра Маријана „сама се фрлала“ и дека ова не е првпат да ја пријави сестра си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img