More

    Серија од неколку земјотреси се почувствувани во БиХ и во Хрватска

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово  ја погоди Босна и Херцеговина. Земјотресот е регистриран во 7.42 часот по локално време на длабочина од 9 километри, а епицентарот бил на 29 километри од Мостар.

    Босанските медиуми информираат дека граѓаните изјавиле дека земјотресот ги разбудил бидејќи слушнале и татнежи.

    Два послаби земјотреси се регистрирани синоќа и во Загреб, Хрватска. Посилниот од двата земјотреси се случи во 1.58 часот и вознемири дел од граѓаните. Беше со јачина од 2,8 степени.

    Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6 километри и бил во близина на Маркушевац.

    Иако е класифициран како слаб по магнитуда, луѓето велат дека земјотресот ги разбудил и дека се слушнал прилично силен звук.

    Некои велат дека се чувствувал посилно отколку што сугерира неговата големина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img