More

    Сенаторите бараат од Бајден да го забрани увозот

    spot_img

    По кинескиот Тик Ток, се чини дека дојде ред и на американска забрана за електричните автомобили поради стравувањата дека технологијата на возилото ќе ги снима американските градови и ќе собира чувствителни лични податоци.

    Досега имаше повици од различни инстанци за зголемување на царините за увоз на електрични возила од Кина, но ниту еден претставник на Конгресот не побара забрана за увоз.
    Белата куќа уште во февруари изјави дека ќе ги испита наводите дека кинеските автомобили на американскиот пазар ќе претставуваат ризик за националната безбедност.

    „Постои загриженост дека технологијата во кинеските возила би можела да собере големи количини на чувствителни податоци за сопствениците и патниците. Камерите и сензорите можат да собираат детални информации за американската инфраструктура, додека возилата може да се оневозможат од далечина“ – се наведува во објаснувањето на Белата куќа за покренување на истрагата.

    Од американскиот претседател Џозеф Бајден сè почесто се бара да го забрани или ограничи увозот на кинески електрични автомобили. Бајден еднаш нагласи дека нема да дозволи кинеските производи да го преплават американскиот пазар, што американските политички аналитичари го гледаат како дел од предизборната тактика пред ноемвриските претседателски избори.

    Американскиот демократски сенатор Шерод Браун го повика Бајден да го забрани увозот на кинески електрични автомобили во САД.

    „Електричните возила од Кина се егзистенцијална закана за националната автомобилска индустрија. Не можеме да ја дозволиме оваа измама“ – напиша Браун во објавата на Твитер.

    Браун е сенатор  и претседател на банкарската комисија во Сенатот и освен што ги застапува интересите на Охајо, работи и во автомобилската индустрија и ќе се обиде да освои четврти мандат на ноемвриските избори.

    Тој не е единствениот што бара ревизија на бизнисот со Кина.

    Кина е најголемиот светски производител на автомобили и е во трка со Јапонија да биде најголем извозник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img