Светската музичка ѕвезда Селин Дион по неколку години се појави во јавноста, насмеана и покрај здравствените проблеми.
Мегапопуларната пејачка Селин Дион по подолго време неделава се појави во јавноста.
Пејачката со години не се појавува во јавноста поради здравствени проблеми, бидејќи има т.н синдром на вкочанета личност. Славната пејачка со волшебен глас присуствуваше на НХЛ натпревар во Лас Вегас со членовите на семејството. Селин Дион го следеше дуелот меѓу Лас Вегас и тимот од нејзиниот роден град Монтреал.
Пејачката беше во друштво на синовите Рене Чарлс (22) и близнаците Еди и Нелсон (13), кои ги имаше со покојниот сопруг Рене Анџелил.
По натпреварот, Селин Дион влезе во соблекувалната и зборуваше со присутните. И покрај проблемите, канадската ѕвезда беше расположена и изгледаше добро, а со неа беа и нејзините синови.
Инаку, Селин Дион ја објави својата дијагноза во декември 2022 година, откако откажа серија концерти. Синдромот на вкочанета личност е ретко, прогресивно невролошко нарушување кое може да предизвика вкочанетост на мускулите на торзото, рацете и нозете. Нејзината сестра летово објави дека пејачката е во лоша состојба и дека не можат да најдат лек кој делува за неа.