Секој што е на три метри растојание да биде негативен на ковид-19

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џозеф Бајден нема да се ракува со израелскиот премиер Јаир Лапид за време на неговата посета на Блискиот Исток во среда, поради најновото зголемување на случаите на ковид-19 во САД и во Израел, пренесува Нова.

Според „Џерусалим пост“, Белата куќа го информирала кабинетот на Лапид дека ракувањето ќе биде изоставено во обид да се заштити Бајден кој има 79 години. Секој што ќе дојде на три метри од американскиот претседател треба да има негативен тест за ковид-19 во претходните 24 часа, бараат американските организатори на настанот.

Советниците да се тестираат еднаш неделно

Во САД седумдневниот просек на новозаразени лица е речиси 134.000, што е за 20.000 повеќе отколку во јуни, судејќи според најновите податоци објавени од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува агенцијата.

Во меѓувреме, во Израел секој ден има во просек по 7.300 нови случаи, а пред еден месец имало 4.800, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Белата куќа го засили протоколот за ковид околу Бајден, за да се осигура дека најстариот претседател што некогаш ја презел функцијата во САД не се зарази.

Мерките вклучуваат советниците на Бајден да се тестираат еднаш неделно и да носат маски N95 кога се среќаваат со него, пишува Њујорк Тајмс.

Ова е начин да се избегне друг инцидент

Во Израел денеска ќе се одржи последната проба на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив, како дел од подготовките за пристигнувањето на Бајден во среда попладне.

На министрите, кои беа поканети на церемонијата за пречек, им беше кажано дека нема да има ракување со американскиот претседател, ниту селфи, меѓу другото, поради неговите многубројни обврски за време на посетата и топлото време.

Министрите беа поканети на приемот кај претседателот на Израел, Исак Херцог, без нивните сопрузи, но ќе можат да се фотографираат со него, Бајден и со премиерот Лапид.

- Advertisement -
Ad image

Барањето за едноставна церемонија за пречек на Бајден, за кое првпат беше објавено во јуни, ги поттикна израелските медиуми да шпекулираат дека тоа би можело да биде обид да се избегне инцидент во мај 2017 година, кога пратеник проби низ редот на високи функционери за да направи селфи со тогашниот претседател Доналд Трамп.

Израел и Саудиска Арабија против Иран?

Премиерот на Израел во неделата изрази надеж дека земјата ќе воспостави официјални дипломатски односи со Саудиска Арабија, кралството во кое Бајден ќе отпатува директно од Израел во петок.

Израел и Саудиска Арабија немаат дипломатски односи, но имаат воспоставено тајни безбедносни врски поради нивното заедничко непријателство кон регионалниот ривал Иран.

- Advertisement -
Ad image

Белата куќа, сепак, во понеделникот објави дека нормализирањето на односите со Саудиска Арабија ќе биде долг процес.

TAGGED:
Share This Article