Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на утринската програма на Канал 5 ја обвини актуелната влада дека ги демонтирала сите добри политики за граѓаните, за семејствата, за мајките, за децата и вовела една лоша политика, чии последици сега ги гледаме.
Дополнително, додаде Ѓорчев, ние денес живееме во време кога цените на храната секаде се зголемени за 11 проценти, а во Македонија 50 проценти.
– Во овие шест години станавме земја на највисоки, цени, највисока инфлација, највисоки даноци. За да смениме нешто мора да има пресврт. Или прво, најважно е младите да останат тука и второ, исклучително важен е корпусот на економски прашања. Замислете, луѓето се мислат дали да направат ајвар бидејќи се нема пари – рече Ѓорчев.
Тој оцени дека се напуштени многу добри економски практики од претходната влада.
– На пример, од 2006 заклучно со 2016 година, Македонија е единствена држава во регионот која имаше раст на родени деца. Или имаше раст од нешто повеќе од два проценти. Тоа се должеше најмногу поради политиките за трето дете. Сега како резултат на немањето политики во оваа област сме земја која по бројка на родено трето дете е најлоша, имаме најмал број на родено трето дете – рече Ѓорчев.