Српските наркобосови, односно нивните криминани групи се спомнати дури 16 пати во овогодишниот извештај на Агенцијата на ОН за борба против дрога и криминал(УНОДЦ), а се вели дека тие наишле на нов, профитабилен пазар – Руската Федерација.
Српска Нова пишува дека „браќата Срби“ на богатите Руси им обезбедуваат кокаин и тоа не само во најбогатите центри како Москва, Санкт Петербург и Екатериненбург, туку и во помалите гратчиња. Според извештајот тоа е така затоа што цената на кокаинот паднала бидејќи се зголемила понудата иако кокаинот генерално бил поскап во Русија отколку во западноевропските земји.
„Белиот прав“ направил да се збогатат наркобосовите. „Показател за ова е и престижот на Скоројевиќ“, се вели во статијата.
Има два пата до Русија, едниот е чисто српски
Извештајот сугерира дека кокаинот во Русија пристигнува од два правци. Првиот е Западна Европа, каде транспортот го организираат главно српско-црногорски групи, но и Албанци кои се однесуваат опортунистички – кога некој ќе им нареди, тие ја носат робата.
Центарот на дистрибуција им е Литванија, од каде кокаинот се разнесува низ Русија.
Но, вториот правец е оној „чисто српскиот“. Тоа е изменетата балканска рута. Во овој систем, кокаинот доаѓа во грчките и турските пристаништа, но и во романските и бугарските. Оттаму „преку задната врата“ се транспортира во Западна Европа, но сè повеќе и во Русија.
Во меѓувреме количината на запленет кокаин во Романија и во Бугарија постојано се зголемува, а расте и бројот на корисници.
Дека криминалците од овие простори се присутни во овој дел на Европа покажува и обидот да се убие водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звидер, во Киев во мај 2020 година, кога беше застрелан од членовите на ривалскиот Шкаљарски клан.
Тули од чист кокаин покрај Црното Море
На оваа „рута“ посочува и уште една интересна информација.
Имено, романските власти во март 2019 година останаа запрепастени кога на брегот на Црното Море почнаа да пронаоѓаат „тули“ од чист кокаин. Се испоставило дека тоа било дел од транспортот на огромно количество кокаин, а на дилерите сè им тргнало наопаку кога се превртел чамецот со кој се пренесувал кокаинот од бродот до брегот каде што чекале камионите.
Двајца камионџии кои го носеле кокаинот, Тоде Крстиќ и Немања Цветковиќ од Врањан, се осудени на 9 години и 4 месеци затвор поради вмешаност во шверц на дрога.
Исто така, како што се наведува во извештајот, во 2011 година во Санкт Петербург била разбиена организирана криминална група која се занимавала со шверц на кокаин. На нејзино чело бил Србин кој долго време живеел во Еквадор, а полицијата потоа запленила, според денешните стандарди, помала количина од „само“ 4,5 килограми кокаин.
Наркобосовите ќе ја навикнат и војната во Украина
На српскоцрногорскиот наркокартел толку добро му одела работата, што единственото нешто што го спречи „освојувањето“ на рускиот пазар беше војната во Украина која изби лани. И Украина и Русија беа отворени пазари за пласирање кокаин и заработка на огромни суми на пари, но сега транспортот на дрога е потежок, бидејќи и Црното Море стана воена зона, а и поради санкциите на земјите од Европската унија.
Транспортот на стока е помал, контролата е построга. Сепак, веројатно е дека балканските криминалци ќе се прилагодат на новите услови, исто како што се прилагодија на времето на короната, кога шверцот и потрошувачката на кокаин не само што не се намали, туку и се зголеми.
Перуанскиот кокаин сега завршува кај Старата Дама
Според извештајот, српските криминалци имаат директен контакт дури со производителите во Перу, односно со познатата организација „Група Америка“. Перуанските власти во 2016 година го уапсиле Зоран Јакшиќ, висок член на оваа група. Само уште Белгија и Италија од европските земји имаат ваков директен јаз со Перу.
Всушност, српските наркобосови се заслужни што перуанскиот кокаин сега наместо да оди во Колумбија и Мексико, во најголемиот дел завршува во старата дама, Европа.