Се зголемува бројот на инцидентите во пијана состојба меѓу руските војници. За последниот на социјалната мрежа „Х“ пишува и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
Тој објави видео на кое се гледаат руски војници врзани за дрво, а други војници ги тепаат затоа што биле пијани и почнале да стрелаат едни во други.
Инцидентот, според украинскиот советник, наводно завршил со еден загинат и неколку повредени.
– Што ти е, шупак? Дали и вие сте пијан? Ти си пијан – се слуша како велат на видеото.
Russian soldiers tied other Russian soldiers to trees and beat them up for being drunk. https://t.co/9bdgKAjUy0 pic.twitter.com/TbssayVpRf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 18, 2024
Речиси исто видео видео беше објавено и порано на мрежата Х. На почетокот на мај војник уби шестмина свои соборци, а Герашченко тврди дека новото видео е за истата воена единица, наречена „Бура З“.
Russian convicts from the Storm Z unit drank too much brew and opened fire at a group of their fellow soldiers. They immediately shot back at them in a friendly manner. One was killed, a few wounded, the rest just beaten and tied up. pic.twitter.com/NJjLV67SS1
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 17, 2024
Западните разузнавачки агенции забележаа бројни инциденти на меѓу руските војници од почетокот на инвазијата на Украина.