Се залага за долгорочно решение на проблемот со цените

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако постои картелско здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа го повтори ставот дека не е за непазарни мерки за зауздување на цените.

-Лично кажав дека можеме да воведеме одредена мерка „замрзнување на цени“, но тоа ќе има краткорочен ефект. Ние треба да бараме решенија на долг рок, а тоа не се овие ад-хок мерки за замрзнување на цените. Долгиот рок е комплетно нова стратегија – како треба да функционира македонската економија и е многу опширна, почнува од начинот на субвенционирање на земјоделството, поттикнување поголемо производство на храна и поголема конкуренција од страна на домашните производители за да имаме пониски цени и да не ни се случуваат проблеми кои се пресликуваат однадвор – рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката подвлече дека одлуките за цените ги донесува исклучиво врз основа на податоците што ги објавува Државниот завод за статистика.

-Не бранам никого, да не ме разберете погрешно, зборувам со факти. Колку се зголемени цените ви кажувам врз основа на тоа што го извадил Државниот завод за статистика како податок. Обратете се таму, нека ви објаснат во детали како пресметале. Не одам по маркетите да проверувам, купувам во „Тинекс“ зашто ми е поблиску и не гледам такви трзавици на цени и на Зелено пазарче. Не одам да ги запишувам цените во секој маркет какви се. Одлуките ги носам врз база на податоците од Државниот завод за статистика – истакна министерката.

Според претседателот на ССК Трајан Ангелоски, она што министерката го предлага е решение на целиот проблем на долг рок.

-Колку проценти во маркетите се македонски производи? Нашата статистика вели дека нашите производители во маркетите се застапени во промили, грото од храна е увозна. Ние секогаш апелираме и до маркетите да им овозможат и на помалите произведувачи да се најдат на рафтот и очекуваме маркетите да го испочитуваат тоа. Генерaлно, како економска политика сметаме дека секое ограничување ќе има одредени реперкусии во одредена сфера – потенцира Ангелоски. 

Во однос на креирањето на потрошувачката кошница што исто така било тема на владината седница, Димитриеска-Кочоска, како што нагласи, била фрапирана од два момента кои биле спомнати: дека едно семејство месечно троши 13 литри млеко или дека купува грав од конзерва.

-Разговаравме на Влада и што треба да има во потрошувачка кошница при што беше оценето дека стручни лица тоа треба да го кажат – дополни министерката.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article