More

    Се воведуваат нови сметководствени стандарди

    spot_img

    Со воведувањето на меѓународните сметководствени стандарди за 2 години од сегашните 35%, сивата економија ќе се намали на сигурни 25 до 22%, бидејќи ќе значат застанување на крајот на нелегалното работење на голем дел од стопанственици и на дел од луѓето од нашата струка која се придружуваше кон нив, истакна Горан Рафајловски, претседател на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија, на Првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители што денеска се одржува во Скопје.

    Рафајловски истакна дека веќе се потпишани и ќе бидат објавени меѓународните сметководствени стандарди што значи дека влегуваме во нова ера, нова примена и нов начин на размислување. Нивното воведување, додаде, ќе значи намалување од 70.000 на 5.000 подносители на даночни пријави до Управата за јавни приходи што ќе значи многу поголем ред и подобра регулатива.

    -Придобивките од функционирањето на едно развиено, модерно сметководство кое работи по меѓународни стандарди се големи и ќе ги почувствуваат сите, почнувајќи од самите сметководители на кои им се отвораат нови перспективи, преку компаниите кои добиваат функција која треба да ја зголеми нивната конкурентност и секако државата која добива алатка за професионална наплата на даноците – рече Рафајловски.

    Претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) Весна Прентоска рече дека главна цел на Институтот е  да постави нови повисоки стандарди на професијата, интегритет и професионализам  кои ќе го зголемат угледот и позицијата на професијата сметководител во општеството и нејзината значајност не само за бизнисот, туку за целото општество.

    -Како Институт ќе направиме се да ја спремиме подготовката за сметководителите да добијат соодветна наскока за нивна примена, но главната наша цел е членство во ИФАК, меѓународна федерација која има повеќе од 180 земји членки и придружници – рече Прентоска.

    Претседателката на Советодавната група за поддршка на организациите на професионални сметководители во ИФАК, Јелена Мисита посочи дека сите земји во регионот се веќе членки на ИФАК и додаде дека и ние можеме да го направиме тоа.

    -Тој пат не е лесен и има седум стандарди што треба да се постигнат, но носи резултати. Со влегувањето во ИФАК има трансформација на професијата и се отвораат огромни можности. Приклучувањето кон ИФАК им дава до знаење на организациите од јавниот и приватниот сектор  на локално, регионално и меѓународно ниво дека вашиот Институт на професионални сметководители има кредибилитет, капацитет и релевантност и фокус кон јавниот интерес – рече Мисита.

    Членовите на ИФАК, како што кажа, се обврзуваат да усвојат меѓународни сметководствени стандарди и да ја поддржат нивната имплементација, вклучувајќи ги и образовните стандарди за почетна обука, како и за континуиран професионален развој.

    Имплементацијата на меѓународните сметководствени стандарди според директорката на УЈП Сања Лукаревска има огромно значење за работата на УЈП.

    – Имплементирањето на меѓународните сметководствени стандарди ќе придонесе за да се продлабочи нашата соработка, а од друга страна да ни олесни и на нас како надлежен орган во делот на детектирањето на се она што значи незаконито работење и во некој сегмент можеби даночно затајување – рече Лукаревска.

    Претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева, пак, посочи дека дел од банките во земјава кои се членки на странски групации одамна ги применуваат меѓународните сметководствени стандарди, а тоа го прават и другите банки кои не се членки на групации заради соработка со меѓународните институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img