Се воведува нов систем за издавање лични документи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека се решава проблемот со хаосот при издавање на лични документи во Куманово. Од сега, жителите, ќе земаат бројче со кое ќе се упатат на шалтер кога ќе им дојде ред.

„Денеска во просториите на Отсекот за управни работи – Куманово, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го тестиравме системот „Земи бројче“ кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи, а кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме и понатаму со изнаоѓање на конкретни решенија кои имаат за цел да ги олеснат постапките поврзани со процесот на издавање на лични документи“, информираше Тошковски.

Share This Article