Се урна руски авион со украински заробеници?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 65 украински заробеници загинаа при уривањето на рускиот воен транспортен авион Иљушин-76 кој се сруши близу градот Белгород кој е близу на границата со Украина, јави руското Министерство за одбрана.

Новинската агенција Риа Новости соопшти дека во авионот имало уште девет лица, вклучително и шест членови на екипажот. Ниту еден од деталите околу патниците во авионот не може да се потврди независно.

На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авионот. Се смета дека авионот паднал кај селото Јабланово кое се наоѓа на 70 километри североисточно од Белгород.

 

 

Генералштабот на Украина, цитиран од веб-страницата „Украинска правда“, соопшти дека авионот превезувал ракети за руските системи за воздушна одбрана С-300. Во него не се споменуваат воени затвореници.

Регионалниот гувернер на Белгород, Вјачеслав Гладков, рече дека знаел за „инцидент“, но не даде дополнителни детали.

Според Риа Новости, украинските затвореници биле „превезувани во регионот Белгород за размена“, иако тоа не може да се потврди.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ знаел за несреќата, но одбил да навлезе во детали.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article