Најмалку едно лице загина во Бразил кога се урна мостот Хуселино Кубичек де Оливеира, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Маранзао.
Според првичните информации, најмалку еден камион кој поминувал преку мостот паднал во реката. Федералната сообраќајна полиција соопшти дека има жртви, објави порталот Метрополис.
Мостот е отворен во 1960 година, а структурата на мостот е дел од важен сообраќаен коридор, бидејќи го поврзува Белем со Бразилија, патот Трансамазон, како и железницата Норте-Сул.
„Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна попладне“, изјави министерот за транспорт Ренан Фиљо.