More

    Се стресе Северна Италија

    spot_img

    Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди областа меѓу Тоскана и Ромања, а епицентарот бил на 3 километри од Маради. Училиштата беа затворени во неколку општини, додека луѓето во страв излегоа на улиците.

    По силниот земјотрес имало неколку последователни потреси, јавуваат италијанските медиуми.

    Во Тредочи оштетени се згради, меѓу кои и општинските згради, додека 10 лица се евакуирани од домот за стари лица.

     

     

    Градот Тредоцио, веќе погоден од поплави, се наоѓа недалеку од Маради, во Тоскана, каде што се случи главниот земјотрес, но за возврат беше епицентарот на некои последователни потреси, од кои најмалку четири беа со јачина од 3 степени.

    – Сите излегоа од своите куќи, ги чекаме пожарникарите да интервенираат, по поплавите ни претстојат потешки денови – изјави градоначалничката на Тредочи, Симона Виетина.

    Градоначалникот на Триберти во провинцијата Фиренца одлучи денеска да ги затвори сите училишта.

    Затворени се и училиштата во Борго Сан Лоренцо и во Модиљани. Засега нема извештаи за повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img