More

    Се разведува Џенан Лончаревиќ, има друга жена, се огласи и сопругата

    spot_img

    Пејачот Џенан Лончаревиќ се разведува од сопругата Самира по 25 години брак, објавија српските медиуми.

    Имено, Џенан и Самира не се експонираа јавно, па таа долги години беа вистинска мистерија.

    – Не зборувам за мојот приватен живот, бидејќи е приватен, луѓето се заинтересирани за мојата музика и така треба да остане – изјави еднаш Лончаревиќ.

    Сепак, веста за разводот од неговата сопруга изненади многумина.

    – Џенан и Самира започнаа врска додека тој сè уште беше непознат. За него знаеле во Пријепоље, бидејќи пеел во локални кафулиња и клубови, а потоа во 2006 година сè се свртило. Заедно одлучиле таа да остане во Пријепоље, додека тој поради деловни обврски живеел меѓу Пријепоље и Белград. Со текот на времето, јазот меѓу нив стануваше сè поголем – вели изворот за „Блиц“.

    Во српските медиуми се појави информација дека Џенан со години има друга жена. Извор за српски „Телеграф“ вчера откри и дека Џенан наводно има друга жена со која со години во Белград води паралелен живот.

    – Ги познавам, особено неа од кога е родена. Таа живееше живот што воопшто не можев да го разберам. Таа се грижеше за неговата мајка, децата, а тој пее, доаѓа кога сака, прави што сака. Пред неколку години беше фатен со жена во Белград, со која живее 15 години, тоа беше снимката. Успеал тогаш да ја убеди сопругата дека му е колешка, а Самира му поверувала… – рекол извор за медиумите.

    По повод разводот, Самира првпат се огласи за медиумите.

    – Точно е дека се разведуваме. За сè што следи, ќе одлучи судот. Засега првото рочиште не е закажано. Не можам однапред да зборувам за исходот, бидејќи 25 години заеднички живот не се малку, а имаме и две деца. Но, за жал, во денешно време не сме ниту први ниту последни на кои ова им се случува – изјавила Самира за „Пинк.рс“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img