More

    Прво судење на претседател на САД во историјата

    spot_img

    Во Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде прво судење на американски претседател во историјата.

    Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кои потврдуваат дека тој преку својот адвокат ѝплатил на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да не зборува јавно за нивната „афера“. Трамп ги покажал тие пари во деловните книги како трошоци за адвокат

    Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани, пишува Гласот на Америка.

    Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Брег го товари Трамп за фалсификување деловни документи во 34 точки и е прво кривично обвинение против американски претседател.

    Обвинението беше поднесено во март 2023 година, а судењето требаше да започне на 25 март 2024 година. Сепак, тоа постојано беше одложувано бидејќи тимот на Трамп бараше повеќе време за собирање дополнителна документација.

    Денешното судење започнува со избор на поротата, 12 лица кои ќе одлучуваат дали Трамп е виновен за обвиненијата.

    Тоа ќе биде голем предизвик за судиите, адвокатите и поротниците, бидејќи се работи за историски случај од висок профил, пишува АП.

    – Нема сомнеж дека изборот на поротници во овој случај е единствен проблем“, вели Џошуа Стеинглас. Проблемот е да се најдат 12 луѓе кои се непристрасни кон една од најразделните фигури во американската политика. Исто така, Трамп живеел на Менхетен со децении додека се занимавал со недвижен имот, а поротата се избира од таму.

    Судијата Хуан Меркан, сепак, вели дека „клучното не е дали некој има мислење за Трамп, туку дали може да го остави тоа мислење настрана и да донесе одлука во однос на доказите и законот“, наведува АП.

    Инаку, Трамп доби судска забрана јавно да зборува за учесниците во оваа постапка и нивните семејства – затоа што јавно ја навреди ќерката на судијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img