Потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта му удрил шлаканица на Валдет Џафери, кој е шеф на огранокот на ДУИ во Гостивар, објави тетовскиот портал Фол.По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот на албански јазик Фол.
Додека претходно во Струга дошло до судир меѓу симпатизери на ДУИ и симпатизери на Зијадин Села, во Гостивар се случила физичка пресметка меѓу Невзат Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, и Валдет Џафери, кој е шеф на огранокот на ДУИ во овој град, пишува Фол.
Според порталот судирите во ДУИ почнаа по судирот на оваа партија со ДПА, Зијадин Села и со многу други новоформирани партии, а причина за препукувањата се позициите и политичкиот простор кој е многу тесен поради големиот број партии во коалиција предводена од ДУИ објавува Фол.