More

    Се појави страшна снимка од борбите кај Андриевка

    spot_img

    На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како руските сили ги убиваат сопствените војници кои се обиделе да се предадат кај селото Андриевка. Како што пишува корисникот на Твитер, Александар Икс при објавувањето на видеото, украинските сили се соочиле со злосторство извршено од руски команданти врз сопствените војници.

    „Во безнадежна позиција и недоволна муниција, украински единици кои напредуваа ги повикаа руските сили во Андриевка да се предадат. Кога руските војници се согласија и почнаа да се предаваат, руските команданти намерно ги гаѓаа сопствените војници – и украинските војници што напредуваа. Руските командантите или намерно ги гаѓаа своите затоа што се обидоа да се предадат, или ги гаѓаа нашите војници безобразно игнорирајќи го фактот дека нивните луѓе ќе загинат во баражот“ – напишал корисникот, пренесува Јутарњи.хр.

     

    Засега нема независна потврда за автентичноста на оваа снимка и на изнесените информации.

    Во меѓувреме, Русија во саботата возврати на тврдењата на Украина за заземање на Андриевка, велејќи дека тие не се точни.

    „Украина неуспешно се обиде да ги избрка силите од градот“ – соопшти руското Министерство за одбрана на дневниот брифинг.

    Тие, исто така, го негираа „делумниот успех“ што го објави Украина во блиската Клишчиивка, исто така јужно од Бахмут, пишува Sky News.

     

    Украина оваа недела објави дека ја добила битката за Андриевка, важна локација за понатамошен напредок во контраофанзивата, велејќи дека тоа е клучна локација за опкружување на Бахмут.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img