More

    Агресивен делфин ги напаѓа капачите во Јапонија, им ги гризе рацете

    spot_img

    Делфин каснал уште двајца капачи за раце во последниот од серијата напади на јапонска плажа.

    Според локалните медиуми, најмалку едно лице било пренесено во болница откако се сретнало со овој морски цицач.

    Јапонските власти веруваат дека истиот делфин е одговорен за најмалку шест поврзани напади досега ова лето.

    Иако делфините обично не се агресивни кон луѓето, непријателството кон пливачите не е непознато, јавува Би-Би-Си.

    Локалните медиуми јавија дека утрово еден маж бил каснат за двете раце, додека попладнето друг маж се здобил со повреди на прстите на левата рака.

    Инцидентите се случиле недалеку од западниот јапонски град Фукуи.

    Официјалните лица сега инсталираа ултразвучни емитери долж плажата, надевајќи се дека звуците со висока фреквенција ќе ги оддалечат делфините од областа.

    И пливачите се предупредени за опасноста од овие морски цицачи и се советувани да ги избегнуваат во водата.

    Би-би-си јавува дека засега не е познат типот на делфин кој ги напаѓа луѓето во Јапонија.

    Според локалните медиуми, делфините во оваа област се навикнати да комуницираат со луѓето и биле забележани во вода до колена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img