More

    Се појави мапа со локациите каде што Алијансата има војска и оружје

    spot_img

    Заканата од руска инвазија на Украина придава зголемено значење на одбраната на САД и НАТО низ Источна Европа, која со децении служеше како тампон зона меѓу Русија и Западот, коментираат американските медиуми.

    НАТО има четири мултинационални борбени групи со големина на баталјон во Естонија, Летонија, Литванија и Полска, кои работат на ротирачка основа. Секој од нив е предводен од Велика Британија, Канада, Германија или САД и содржи војници од неколку земји-членки. Алијансата минатиот месец соопшти дека сите четири групи се „силни и борбено подготвени“, јави Си-Ен-Ен.

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е подготвен брзо дополнително да го зајакне тоа присуство со испраќање дополнителни сили во областите, а распоредувањето на НАТО е поддржано од американски војници.

    САД имаат свои бази во Литванија и Романија, заедно со неколку во Полска. Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела официјално го одобри распоредувањето на уште 3.000 американски војници во Полска, Германија и Романија, додека уште 8.500 војници се во зголемена готовност.

    НАТО нема војници во Украина, а не се објавени планови за испраќање војници од Алијансата во земјата. Но, иако Украина не е членка на НАТО, Алијансата и дава совети на земјата на стратешко ниво и го опиша односот како „едно од најважните партнерства на НАТО“.

    Другите средства со кои располага НАТО во регионот вклучуваат романскиот систем за противракетна одбрана, создаден да „открива, следи, активира и уништува“ балистички ракети во атмосферата. Сличен погон во Полска треба да започне со работа оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img