Се огласи обвинителството за дисквалификацијата на Холанѓанецот од Евровизија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јуст Клајн, претставникот Холандија на Евровизија, беше дисквалификуван од натпреварувањето поради инцидент што се случи по неговиот настап во полуфиналето.

Тој тогаш наводно нападнал фотографка, а целиот случај го презела полицијата во шведскиот град Малме, каде што се одржуваше Евровизија. Како што сега објави обвинителот Фредрик Џонсон, пејачот побарал од него да се испрашаат уште неколку луѓе.

Како што пренесува српски „Блиц“, обвинителот истакнал и дека, доколку се согласи на тоа, овој случај може да потрае.

„Тоа беше чувствителна ситуација, тој не сакаше да се фотографира по излегувањето од сцената. Беше пречекан од неговиот тим, но тука била и фотографката на која и рекол да престане да снима. Потоа ја оттурнал камерата. Тој негира дека некому му се заканувал“, рекол адвокатот, пренесува гореспоменатиот медиум.

На прес-конференцијата по настапот во полуфиналето, Јуст се најде во центарот на вниманието, кој пред новинарите се појави со знаме врз главата, не сакајќи да се фотографира. Дополнително, кога новинарите ја прашаа претставничката на Израел дали чувствува дека нејзиното присуство ги загрозува другите натпреварувачи и притоа и нагласија дека не мора да одговара, Клајн дофрли: „Зошто да не?“.

Многумина тоа го протолкуваа како провокација, па се пишуваше и дека тоа е причината за неговата дисквалификација, но тоа не е официјално потврдено.

Share This Article