„Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол. Погребот е утре во 13 часот во капела во Ѓорче Петров”, напиша Милица Џаровска, ќерка на Велибор Џаровски-Џаро кој денеска почина на 75-годишна возраст.
Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…, на кои им организираше и турнеи.
Тој има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Минатата година беше промовирана биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“.