More

    Американскиот рапер Канје Вест размислува за идејата да отвори свое порно студио „Јизи порн“ (Yeezy Porn) и моментално е во преговори со потенцијални партнери

    spot_img

    Американскиот рапер Канје Вест размислува за идејата да отвори свое порно студио „Јизи порн“ (Yeezy Porn) и моментално е во преговори со потенцијални партнери, пишува ТМЗ, повикувајќи се на свои извори.

    Студиото ќе биде дел од поширокиот оддел за забава за возрасни на матичната компанија „Јизи“.

    Поточно, Вест веќе имал разговор со поранешниот сопруг на порно-актерката Сторми Даниелс, Мајк Моз. Канје се надева дека тој ќе се согласи да му биде директор на новата фирма. Воедно, Сторми е позната и по скандалот со поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој наводно ѝ е поранешен љубовник и ѝ платил за да не каже.

    Мајк работи во порно бизнисот повеќе од 10 години како продуцент, како и на одбирање кастинг и на создавање уметничка насока, а зад себе има бројни познати порно дела и популарни порно филмови.

    Што се однесува до тајмингот на проектот, тој би можел да биде лансиран веќе во летото 2024 година, забележуваат новинарите на ТМЗ.

    Претходно, Канје повеќе од еднаш ја призна својата љубов кон филмовите од категоријата ХХХ, а по некое време се негираше и рече дека гледањето порно ја загрозува неговата духовност.

    Раперот е прилично отворен за своите сексуални фантазии и љубовта кон порното низ годините. Тој прочитал многу сценарија за ХХХ филмови, а на оваа тема отворено зборувал и со различни жени со кои бил, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Дури и ја снимил во едно од неговите видеа, каде симулираат секс на мотор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img