Царинската управа соопшти дека на граничниот премин Вршка Чука кон Бугарија е спречен обид за криумчарење 50.000 евра.
Цариниците на 6 април пронајдоа торба со речиси 50.000 евра, скриена во торба со гардеробер, без намера возачот да ги пријави парите, се додава во соопштението.
Дозволената сума од 10.000 евра е вратена на патникот, додека остатокот е задржан до завршување на прекршочната постапка.