Се бара законско решение за употребата на „снус“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Никотинските вреќички, познати како „снус“ се најдоа на денешната владина седница. Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за законски основ за никотински вреќички.

Како што информираа од владата, задолженија во врска со информацијата има до повеќе надлежни органи и институции, меѓу коишто првенствено до Министерството за здравство.

Од владата велат дека ова министерство треба да изработи анализа со којашто ќе се утврди дали никотинските вреќички се безбедни за населението од здравствено токсиколошки аспект и дали производот треба да биде во слободна продажба во Република Северна Македонија, или при евентуално одобрување на пазарот треба да се стави забрана за продажба на лица помлади од 18 години.

„Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формира работна група со претставници од Министерството за здравство, Министерството за економија, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), којашто ќе треба да изработи компаративна анализа на законодавството за проблематика во врска со никотинските вреќички во ЕУ и Западен Балкан, како и да даде предлози за изменување и дополнување на прописите во областа со којашто се регулира здравствената безбедност, прометот, даноците и акцизите за никотинските вреќички во државава, а врз основа на изготвената анализа од Министерството за здравство“, пишува во владиното соопштение.

Share This Article