Се бара укинување на забраната за увоз од Србија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неколку десетици граѓани од српска националност од северот на Косово, од кои повеќето бизнисмени, протестираа денеска во Северна Митровица со барање да се укине забраната за увоз на стоки од Србија во Косово и да престане нивното запленување од страна на косовските власти.

Како што јави приштинската новинска агенција КосоваПрес, тие покренале и петиција преку која бараат од надлежните органи повторно и непречено да го дозволат влезот на српски стоки во Косово.

Протестот траеше околу еден час и не се забележани инциденти, а во знак на солидарност со демонстрантите од 12 до 14 часот беа затворени сите дуќани во Северна Митровица.
Владата на Косово на 14 јуни, „од безбедносни причини“, забрани влез на камиони со српски регистарски таблички и увоз на стока со потекло од Србија.

Косовската полиција денеска соопшти дека запленила оружје и воена опрема во северно Косово, во областа населена со мнозинско српско население, поточно во Северна Митровица, за кои смета дека би можеле да бидат употребени против припадниците на безбедносните сили или против граѓаните, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во акцијата биле откриени: импровизирана бодликава жица („ежови“), димни бомби, муниција и една униформа, се наведува во соопштението.

Share This Article