More

    СДСМ вечерва на конгрес ја официјализира кандидатурата на Стево Пендаровски за втор претседателски мандат

    spot_img

    СДСМ вечерва на конгрес ја официјализира кандидатурата на Стево Пендаровски за втор претседателски мандат.

    Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, барајќи ја поддршката од делегатите, порача дека Пендаровски има јасна визија за просперитет на државата и за нејзина интеграција во Европската унија.

    – Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде претседател за сите. Во неговиот мандат земјата стана членка на НАТО, сега во вториот мандат да стане членка на ЕУ – рече Ковачевски.

    Истакна дека денеска собрани се над 20.000 потписи за кандидатурата на Пендаровски за претстојните избори и оцени дека ги демантирале сите критичари и скептици кои сметаат дека СДСМ не е најдобрата опција за државата.

    – На овој начин најдобро се потврди она што го говорам две години, дека најсилната, најголема и партија која има најголема организациска способност во државата е СДСМ – рече Ковачевски.
    На претстојните претседателски и парламентарни избори, посочи тој, имаме само една шанса да го избереме правецот на државата, дали ќе продолжиме напред кон ЕУ или ќе се вратиме назад во изолација.

    – ДПМНЕ нуди само кризи, реваншизам и изолација, да бидеме заглавени нови изгубени години, статус-кво, без промени, без напредок, без иднина. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина – рече Ковачевски.

    По неговото обраќање следува работен, затворен дел, по што ќе се обрати и кандидатот за претседател на државата.

    Откако завчера ја најави и официјално кандидатурата за претседател на државата, Пендаровски денеска ги обезбеди и потребните 10 000 потписи за граѓанската кандидатура, кои како што информираше неговиот Кабинет, се собрани за неполни пет часа.

    Пендаровски е на функцијата претседател на државата од 12. мај 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img