„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна”, напиша вечерва на Фејсбук Сашо Мијалков, по веста дека е на црната листа на САД.
„Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана”, напиша Мијалков.