More

    Санкциите се сметаат за одговор на нелегалните референдуми во украинските области

    spot_img

    Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево го презентираше новиот пакет санкции по нелегалните референдуми во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што изјави фон дер Лајен, новите санкции предвидуваат нови забрани за увоз на дополнителни производи од Русија во ЕУ, но и нов список на производи што не смеат да се извезуваат од ЕУ во Русија.

    Овде спаѓаат пред сѐ производи кои можат да и послужат на руската армија да се модернизира и развива: електронски компоненти, производи од областа на авијацијата, технологијата и хемиски супстанци. Се предлагаат и забрани за европски услуги во Русија и забрана за членување во одбори на државни тела на Русија за ЕУ граѓани.

    Во новите санкции влегува и законската основа врз која ЕУ и партнерите од Г7 планираат да го намалат извозот на руска нафта во трети земји. Оваа одлука ја донесоа земјите на Г7 на почетокот на септември. Европската Унија целосно ќе ја забрани руската нафта од декември годинава, но стравува дека Москва ќе може да извезува во трети земји каде нема санкции. За таа цел ЕУ сака да воведе ограничување на цената на нафтата, преку комплексен механизам кој ги таргетира осигурителните компании на пример. ЕУ вели дека на овој начин ќе се намалат приходите на Кремљ за војната во Украина.

    Новиот пакет санкции вклучува нови лица и ентитети, вкупниот број луѓе и ентитети под ЕУ санкции сега изнесува 1.300. Таргетирани се пропагандисти, воени офицери, олигарси, но и лица кои ја поддржуваат или имаат материјална корист од инвазијата врз Украина, како и оние кои шират дезинформации.

    Исто така и САД работат на воведување нови санкции за Русија по референдумот во Украина.

    „САД соработуваат со сојузниците и партнерите брзо да наметнат остри економски трошоци за Москва поради „лажните“ референдуми што Русија ги одржува во окупираните региони на Украина, се вели во подготвените забелешки од шефот на координацијата за санкции на Стејт департментот на САД.

    Џејмс О’Брајан, во сведочењето подготвено за Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека очекува да продолжи темпото на администрацијата на Бајден за објавување санкции кон Русија во просек на секои шест недели. Според него, „ќе има нови пакети“.

    – Работиме на повеќе санкции. Се е на маса – изјави О’Брајан пред комитетот, додавајќи дека Вашингтон ќе се осврне на финансискиот сектор и високата технологија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img