More

    Само криптовалутите ќе ќарат од играта меѓу Вашингтон и Пекинг!

    spot_img

    Ќе почнеме да се тркаламе во трилиони долари, рече Чамат Палихапитија на поткастот All-In и ги откри плановите на Кина да стане нешто како Федералното биро во САД, да печати пари за на своите граѓани да им ги ублажи економските последици од короната и од сегашната криза во време кога се војува во Украина.

    Палихапитија e поранешен милијардер на Форбс кој од 2022 година веќе не е на ранг-листата поради падот нa криптото и на берзата. Сега, заедно со колегите инвеститори Џејсон Калаканис и Дејвид Фридберг тие ги тријат рацете поради објавата на кинескиот државен совет дека размислува со економски пакет да ја прошири „ефективната побарувачка“ по пандемијата со ковид-19 во земјата.

    – Ако Кина почне да го вклучува печатачот на пари и почне да минува низ огромен бран на квантитативни олеснувања, тоа само ќе надуе сè бидејќи Кинезите се една критична артерија за светската економија – вели милијардерот Палихапитија.

    Во меѓувреме, биткоинот, етереумот и првите десет криптовалути на берзата се нишаа горе-доле поради гласините дека има таен американски „сојуз за уништување на криптото“. Но, пазарот е толку непредвидлив што истава оваа година досега цената на биткоинот пораснала над 50 отсто. Ова за кратко предизвика голем балон, бран на растења как сите криптовалути кој запре исто како што дојде – ненадејно.

    Но, истовремено, Федералните резерви на САД дадоа сигнал дека драматично ќе ги зголемат каматните стапки за да се справат со рецесијата. Тука имаше и друг вид мерки од централните банки за ублажување на шокот. Сето ова комбинирано со фактот дека Кина ќе печати трилиони за своите граѓани за ним да им ја ублажи кризата може да ги „надува“ криптовалутите.

    – Нема да се утепате слетувајќи на камен кога имате вакво кинеско печатење трилиони долари – сепак вели Палихапитија.

    Дали се ова добри вести за американската економија? Па, за криптовалутите сигурно се.

    Цената на биткоинот падна во 2022 година кога ФЕД почна да ја заострува својата монетарна политика за да ја спречи неконтролираната инфлација, бришејќи 2 трилиони долари вредност од крипто-пазарот.

    Но, ако се гледа пошироката слика од последните неколку години, криптовалутите прилично пораснаа токму поради мерките за стимулацијата од ерата на пандемијата кои ги воведоа централните банки.

    Оваа недела, ФЕД-от ги прекина своите 10 последователни зголемувања на каматните стапки, иако претседателот на ФЕД, Џером Пауел, сигнализираше дека најверојатно ќе има повеќе зголемувања на каматните стапки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img