More

    Меѓународниот кривичен суд ги товари за злосторства против човештвото

    spot_img

    Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налози за апсење на поранешниот министер за одбрана на Русија и актуелен началник на Генералштабот на армијата за наводни воени злосторства во Украина. Налогот е распишан по ракетната кампања насочена кон украинските електрани и друга цивилна инфраструктура, пишува британски „Гардијан“.

    Поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и актуелниот началник на Генералштабот на руските вооружени сили, Валери Герасимов, се обвинети за воени злосторства за насочување напади врз цивилни објекти и за предизвикување прекумерна случајна штета на цивилите или оштетување на цивилни објекти. Тие се обвинети и за злосторства против човештвото.

    Хаг издаде налози за нивно апсење. Налогот најверојатно нема да може да биде ефектуриран бидјеќи Шојгу и Герасимов се во Русија, која не е членка на МКС и која јавно го осуди судот. Од друга страна, Украина не е членка на МКС, но на судот му даде јурисдикција да ги гони воените злосторства извршени на нејзина територија од 2022 година.

    Шојгу беше сменет од функцијата министер за одбрана минатиот месец, но остана висок владин функционер како шеф на рускиот Совет за безбедност.

    МКС претходно издаде налози за апсење на рускиот лидер Владимир Путин и на рускиот омбудсман за човекови права, Марија Лвова-Белова, за нивната улога во насилното депортирање на украински деца во Русија. Голем број од децата се посвоени од руски официјални лица или ставени на посвојување со лажни идентитети.

    Објавувајќи ги налозите за Шојгу и Герасимов, судот напиша дека „постојат разумни основи да се верува дека двајцата осомничени имаат одговорност за ракетните напади извршени од руските вооружени сили против украинската електрична инфраструктура од најмалку 10 октомври 2022 година до најмалку 9 март 2023 година. За време на оваа временска рамка, руските вооружени сили извршија голем број напади врз бројни електрични централи и потстаници на повеќе локации во Украина“.

    Судот додаде дека има „разумна основа да верува дека осомничените намерно предизвикале големо страдање или сериозна повреда на телото или на менталното или физичкото здравје, со што сносат кривична одговорност за злосторството против човештвото за други нехумани дејствија“.

    Русија тврди дека електричната инфраструктура во Украина претставува легитимна воена цел. Руските напади доведоа до постојани прекини на струја низ Украина. Овие напади значат дека во зима можно е да секнат клучните резерви на греење за населението бидејќи температурите паѓаат под нулата.

    Украинскиот претседател Володомир Зеленски овој месец рече дека Русија оштетила или уништила повеќе од половина од производството на електрична енергија во Украина, што ги предизвикало најголемите прекини на струја од целосната инвазија во 2022 година.

    Во својата изјава, Меѓународниот кривичен суд рече дека верува дека нападите биле „насочени против цивилни објекти, а за оние инсталации кои можеби се квалификувале како воени цели во релевантното време, очекуваната инцидентна цивилна штета и штета би биле јасно прекумерни во однос на очекуваните воена предност“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img