Само 72 милиони кубни метри ќе поминат преку Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина кон Европа, откако Киев соопшти за намалување на количината поради војната.

– „Гаспром“ ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина на 11 мај – изјави денеска, портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов.

Тоа ниво е намалување на обемот на нарачката од 95.8 милиони кубни метри, претходниот ден.

Украинскиот оператор со гас „ГТСОУ“ соопшти дека од денеска ги запира испораките на гас преку влезниот пункт Сохрановка паради „виша сила“, клаузула на која операторот може да се повика во случај доколку настане ситуација што е надвор од нејзина контрола.

Денешните нарачките за руски гас со транзит низ Украина преку влезниот пункт Сохрановка паднаа на нула, беше соопштено денеска.

Гасоводот преку Сохрановка минува низ украинската област Луганск чии делови се под контрола на проруските сепаратисти.

Според вчерашните податоци, побарувачката на руски гас за Европа низ Украина преку влезниот пункт Суџа вчера изнесувале речиси 72 милиони кубни метри.

Share This Article