Самарџиќ: Се уште не сум одлучил за кого ќе играм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалерот на Удинезе, Лазар Самарџиќ изјави дека се уште не знае дали ќе игра за А репрезентацијата на Германија или Србија.

„Слушнав и прочитав многу вести и следев дискусии за мојата репрезентативна иднина. Јас и моето семејство се чувствуваме многу почестени и горди. Јас сум млад играч, но со јасни цели! Цврсто стојам со двете нозе на земја, работам напорно, фокусиран сум и решителен. Многу сум задоволен од почетокот на оваа сезона. Како тим постигнавме одлични резултати и сме добро позиционирани.

Остваривме голема победа и над Интер, а јас играв и придонесов. Затоа мојот апсолутен фокус во моментов е на тимовите во кои членувам и да ја зголемам минутажата во нив. Сакам да се развијам во апсолутен стартер и се останато не ми е приоритет во моментов. Ако ги постигнам целите и достигнувањата што си ги поставив, тогаш ќе заслужам да бидам номиниран за некои идни задачи. И само тогаш можам и морам да донесам одлука за која ќе бидам подготвен“, напиша Самарџиќ на социјалните мрежи.

Драган Стојковиќ, селекторот на српската фудбалска репрезентација изјави дека не се сомнева оти Самарџиќ ќе ја избере Србија.

„Забележав дека нема дилема дали ќе игра за Германија или Србија, секако дека беше решен да игра за Србија. Договорот е во следниот циклус, а тоа е март, доколку продолжи да игра добро, да дебитира за Србија и да се најде на списокот. Тоа е нешто од наша страна што требаше да го направиме и на нив е да изберат страна. За него нема дилема“, изјави Стојковиќ.

Лазар Самарџиќ е роден во Берлин, а професионалната кариера ја започна во Херта, а потоа се пресели во Лајпциг од каде замина во Удинезе.

Ги помина сите јуниорски репрезентативни селекции на Германија, а неодамна во интервју за Газета дело спорт изјави дека „повеќе се чувствува како Германец“.

Share This Article