Саманта имала два услови за да се врати во „Сексот и градот“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Славната актерка Ким Катрал повторно ќе се појави во улогата на познатата и омилена Саманта Џонс, во спин-оф серијата „And Just Like That…“, иако се зборува дека е во кавга со главната ѕвезда на ова остварување, Сара Џесика Паркер, пишуваат странските медиуми.

Како што се наведува, Саманта овојпат ќе одигра кратка, епизодна улога на самиот крај на втората сезона, а во завршната сцена ќе има контакт со Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), но само преку телефон.

Познато е дека Катрал не сакала да го снима продолжението на серијата поради лошиот однос со колешките, особено со Сара Џесика Паркер, но се предомислила, а за продуцентите имала два услова.

Првиот бил да не снима со поранешните колешки, а вториот да не го види режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој е инаку близок со Паркер.

„Ким имала два услова – да не глуми со ниту една од поранешните колешки и да не го види Мајкл“, раскажал извор за „Пејџ сикс“.

Да потсетиме, како што пренесе „Вариери“, Ким веќе ја снимила својата сцена во март, а во таа прилика не се видела ниту разговарала со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Исто така, сцената била снимена и без режисерот Мајкл Патрик Кинг.

Саманта беше дел од првата сезона на серијата, исто така само преку телефон, односно преку текстуалните пораки кои Кери повеќепати ѝ ги испрати, во обид да го поправи нивното пријателство.

Втората сезона на „And Just Like That…“ ќе биде премиерно прикажана на 22-ри јуни на платформата „Макс“ (ХБО Макс).

Share This Article