Соединетите Американски Држави соопштија во средата дека ќе и продадат на Украина напредни ракетни системи земја-воздух во вредност од 285 милиони долари за да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина за да се спротивстави на руската агресија.
„Украина треба што поскоро да ги зајакне своите одбранбени капацитети против руски ракетни и воздушни напади“, се наведува во соопштението на американската Агенција за воена соработка (DSCA).
Стејт департментот ја одобри продажбата, за што е известен американскиот Конгрес, кој допрва треба да даде согласност.
Противвоздушната одбрана се покажа како клучна во одговорот на баражот руски ракети.
Продажбата на системот НАСАМС е придружена со испраќање на милијарди долари американска воена помош за Украина од почетокот на руската офанзива на 24 февруари 2022 година.