Рускиот медиум „Медиазона“ објави снимка за која тврди дека прикажува конвој од четири возила кој го спроведува мртвото тело на рускиот опозиционер Алексеј Навални од сибирската колонија Харп

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот медиум „Медиазона“ објави снимка за која тврди дека прикажува конвој од четири возила кој го спроведува мртвото тело на рускиот опозиционер Алексеј Навални од сибирската колонија Харп. Третото од возилата, полициско комбе со кое се спроведуваат затвореници е она за кое постои сомневање дека го носи телото по заледениот пат во ноќта.

Снимката е направена на пат од градот Лајбтнанга до градот Салехард каде се наоѓа мртовечница. Комбињата ја премостуваат реката Об во правец кон Салехард.

На мајката на Навални денеска ѝ беше одбиен влезот во мртовечницата во Салехард, а самата институција тврди дека телото не е кај нив.

Во документите од затворот кои ги добила сопругата на Навални, Људмила, се наведува дека Навални починал на 16 февруари во 14:17 часот.

Еден затвореник од колонијата изјавил за „Новаја газета Европа“ дека затворениците знаеле за смртта четири часа пред тоа. Официјалното соопштение за смртта на Навални дојде дури во 16:11 часот по локално време.

Локалната служба за итна помош соопшти дека лекарите пристигнале во затворот во рок од седум минути и дека ја реанимирале жртвата повеќе од половина час. Неименуван работник за итна помош во Салехард, наводно, изјавил за „Новаја Газета Европа“ дека телото прво било пренесено во болница во Лабјтнанга, град на околу половина час возење од селото Харп.

Share This Article