More

    Руски воен авион „Иљушин“ се урна во Белгород

    spot_img

    Руски воен транспортен авион Иљушин Ил-76 се урна во руската област Белгород, објави Ројтерс, цитирајќи ја државната новинска агенција РИА, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

    На видеото објавено на апликацијата Телеграм од База, канал поврзан со руските безбедносни служби, се гледа како голем авион паѓа кон земјата и експлодира.

    Ил-76 е воен транспортен авион дизајниран за транспорт на товар, воена опрема и оружје.

    Има екипаж од пет лица и може да превезе до 90 патници, пренесува Гардијан.

    Локалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека неодреден „инцидент“ се случил во регионот Корочански, североисточно од градот Белгород и дека ќе ја „испита локацијата“. Тој рече дека истражителите и итната помош се веќе на лице место.

    Како одговор на новинарско прашање, Кремљ соопшти дека ја истражува ситуацијата.

    Регионот Белгород, кој се граничи со Украина, беше под чести напади од Украина во последните месеци, вклучително и ракетниот напад во декември во кој загинаа 25 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img