Нов хаос во Турција, по разорните земјотреси и проблемите со кои се соочува оваа земја. Руски и украински фудбалери се степале во хотел во Турција. Настана вистинска катастрофа, прво се појави видеото од инцидентот, по што стигна и соопштението oд двата клуба.
Во прашање се играчите на рускиот клуб Шинјик и на украинскиот Минај. Најпрвин рускиот тим излезе со соопштение во кое наведе дека „Украинците направиле проблем и дека фудбалерите скокнале да одбранат соиграч кој бил нападнат и претепан во лифтот“, и додаваат дека клубот решил да си замине по сето тоа од хотелот.
После тоа, тимот од Украина излезе со официјална изјава и потврди дека дошло до физичка пресметка.
– Причина за тепачката беше страшното однесување на играчите од рускиот тим кон вработените во хотелот и провокативните извици упатени до играчите на нашиот тим. Тие лажат, тврдат дека нападнавме еден од нивните играчи во лифтот и бил приндуден да ја пее украинската химна, тоа е измислица. Тепачката се случи на катот каде што беа Русите и бевме побројни. Кога заврши тепачката, руските играчи останаа да се тепаат меѓу себе, полицијата мораше да интервенира и да се смири долу Русите – велат од украинскиот клуб.
– Вчера, на 13 февруари, во хотелот Ројал Сигунас во Турција се случи тепачка во која учествуваа претставници на Минај и на Шиник – пишува во дел од објавите на социјалните мрежи, каде што се појави и видеоснимка од настанот.