Државната Дума едногласно го усвои Законот за суспензија на учеството на Русија во Новиот договор СТАРТ со САД за ограничување на нуклеарното оружје предложен од рускиот претседател Владимир Путин.
Законот стапува на сила на денот на објавувањето, а претседателот на Русија ќе одлучи за продолжување на учеството на Русија во договорот, јави ТАСС.
Путин вчера изјави дека Русија го суспендира своето учество во Новиот договор СТАРТ, потпишан во 2010 година, и се закани дека ќе изврши нови нуклеарни тестови доколку тоа прво го направат САД.
Објаснувајќи ја својата одлука, Путин ги обвини САД и нивните сојузници во НАТО дека отворено го претставуваат поразот на Русија во Украина како цел.
„Тие сакаат да ни нанесат „стратешки пораз“ и во исто време да се обидат да ги добијат нашите нуклеарни инсталации“, рече тој.
Шефот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Леонид Слуцки, рече дека одлуката за суспендирање на учеството во СТАРТ е „добро осмислена, адекватна и единствена можна“, кога Русија повторно ќе се соочи со американското прекршување на договор.