More

    Русите велат дека Украинците им го уништиле складиштето за оружје, се појавија видеа

    spot_img

    Во руската област Белгород, која се наоѓа долж границата со Украина, по гранатирањето експлодира складиште за муниција, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, кој најави дека нема повредени и дека локалното население ќе биде однесено на безбедно.

    На интернет кружат снимки од последиците од украинскиот напад на кои се гледа како магацинот гори.

    Претходно денеска гувернерот на Белгородската област изјави дека украинските сили со гранатирање оштетиле катна зграда во градот Белгород, на што Украинците одговориле дека Русите самите ја оштетиле зградата бидејќи „нешто тргнало наопаку“ при нападот на Харков.Михајло Подољак, советник на претседателот Зеленски, напиша: „Русија започна напади врз Харков, но нешто тргна наопаку и тие удриа во станбена зграда во Белгород. Ќе има ли истрага? Или казни? Не, на Путин не му е гајле кого убил: Украинци или Руси. Пропагаторите многу брзо ќе најдат лажно оправдување“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img