Видео во кое наводно првиот човек на црноморската флота на Русија, адмирал Виктор Соколов стои до министерот Сергеј Шојгу, објави руското Министерство за одбрана(МО). Според руските медиуми, меѓу кои и РИА Новости, Соколов е жив, односно го преживеал нападот на украинските сили со ракетите „Storm Shadow“.
Автентичноста на видеото не е потврдена од западни медиуми. Луѓето на социјалните мрежи коментираат дека видеото може да е лажирано на разни начини.
Руските бројки за минатонеделниот напад со кој се пофалија Украинците не се совпаѓаат со оние кои ги објави Украина. Русите велат дека само шест војници се повредени, а едно лице исчезнало, додека украинските сили објавија дека десетици лица загинале и стотици се повредени.
Руското МО соопшти и дека оштетена била историската зграда на штабот во Севастопол – најголемото пристаниште на Кримскиот полоустров.