Додека руската војска со сите сили се обидува да го освои градот Часив Јар на источниот фронт, Украинците во четвртокот соопштија дека ги избркале руските војници од регионот Канал во градот.
– Непријателската војска ја нема – рече портпаролот на украинската армија Назар Волошин за агенцијата Укринформ.
Во меѓувреме снимки на интернет покажуваат колку артилериска муниција, бомби и ракети фрлаат Русите во градот. Според украински извори, руските сили го користат озлогласениот ТОС-1, повеќецевен ракетен фрлач со ракети опремени со аеросолни боеви глави.
– Тоа е застрашувачко оружје што истрелува термобарични проектили – рече Волосин.
Фотографии кои ги направил дрон покажуваат дистописка глетка од градот чии згради и населби се поцрнети. Часив Јар важеше за просперитетен град во Донбас со околу 12.000 жители.
Заедно со зградите не била поштедена ниту црквата во градот.