More

    Русите ја заземаат Авдијивка, портата кон Доњецк

    spot_img

    Украинскиот град Авдијивка, место на жестока битка со месеци, наскоро би можел да падне, пишува Њусвик. Како што пренесуваат украинските канали на Телеграм, ситуацијата за киевските сили е сѐ покритична, а руските трупи напредуваат. Минатиот октомври Русија започна офанзива врз населбата, која се смета за порта кон блискиот град Доњецк, окупиран од Русија.

    Русија претрпе огромни загуби, без разлика дали во војници или во опрема. Се зборуваше дека руските војници биле топовско месо бидејќи нивните команданти ги испраќале да загинат во бескрајни напади. Но и покрај големите загуби, руските сили напредуваа малку по малку, а украинските канали на Телеграм сега признаваат дека градот е пред пад.

    Канал „Украина фајтс“ во неделата објави дека „ситуацијата во градот станала критична“, додавајќи дека руските јуришни авиони влегле во градот од североисток и дека руските трупи ги заобиколиле украинските борбени формации и се зацврстиле во зградите.

    „Тоа значи дека се оддалечени неколку стотици метри од главната логистичка артерија на украинските бранители. Се решава судбината на Авдијивка“ – се наведува во соопштението.

     

    Телеграмскиот канал „Бутусов плус“ објави дека се водат улични борби во северното предградие на Авдијивка, каде навлегле руските единици. Украинската 110 механизирана бригада и придружните единици се борат против поголем број руски војници, кои постојано се засилуваат.

    „На Авдијивка итно и се потребни свежи резерви и ротација на единиците на херојската 110-та бригада. Ситуацијата е критична“, се вели во соопштението.

    „Сѐ поверојатно е Авдијивка да стане првиот украински град што ќе падне по заземањето на Бахмут минатиот мај“ – напиша дописникот на Вол Стрит Журнал, Јарослав Трофимов во објава на Твитер, додавајќи дека акутниот недостиг на муниција е предизвикан од одлуките на американскиот Конгрес.

    Британскиот аналитичар Леон Хартвел, истакнува дека руското заземање на Авдијивка може да ја зајакне позицијата на западните скептици кои се залагаат за намалување на воената и финансиската поддршка за Украина. Тоа, исто така, ќе им овозможи на руските сили да ги консолидираат позициите околу Бахмут, да ја олеснат нивната контрола на автопатот меѓу Доњецк и Краматорск и генерално да ги подобрат логистичките способности на Москва во Доњецк.

    – Губењето на Авдијивка би ја ограничило способноста на Украина да започне контраофанзивни операции против Русија во Донбас, а враќањето на градот, со оглед на неговите застрашувачки утврдувања, би било исклучително предизвикувачка задача. Заземањето на Авдијивка има значајно политичко значење за Путин и тоа беше поттикнато од итната потреба да се покажат победите на Русија пред претседателските избори и потенцијалниот нов бран на масовна мобилизација на војниците – изјави Хартвел за Њусвик.

    Институтот за проучување на војната (ISW) во неделата соопшти дека руските сили напредуваат источно од Авдијивка со гео-лоцирани слики од претходниот ден кои го покажуваат напредувањето долж автопатот H-20 источно од градот.

    – Постојат добри шанси Авдијивка на крајот да биде изгубена – изјави Мајкл Кофман, висок соработник во Програмата за Русија и Евроазија во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

    Чедомир Несторовиќ, професор по геополитика на деловното училиште ESSEC во Сингапур, истакнува дека недостатокот на средства, муниција и оружје, како и проблемите што ги имаше во мобилизацијата, за Киев значат дека „постои голем ризик Авдијивка наскоро да падне. “.

    – Се чини дека Путин ги нема тие проблеми, така што веројатноста за пад е голема – изјави тој за Њусвик, додавајќи дека претседателот Володимир Зеленски сака да ја брани Авдијивка „без разлика на цената“, за разлика од неговиот врховен командант Валери Залужни.

    – Ако Авдијивка падне, тоа ќе го промени ривалството меѓу претседателот и началникот на армијата во корист на вториот – потенцира Несторовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img