More

    Русите ја обвинуваат Украина за нападот: Го гранатираа санаториумот, загинаа тројца цивили

    spot_img

    Руските медиуми во средата објавија дека Украина со беспилотни летала го нападнала рускиот регион Белгород и дека во нападот загинале тројца цивили.Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот, изјави дека имало напад врз санаториумот, пренесува РИА Новости.

    Од здобиените повреди на местото на настанот починале двајца мажи. Лекарите се мачеле да спасат уште едно лице кое и покрај напорите им подлегнало на повредите, објави тој.

    Гладков изјавил дека украинската војска фрлила експлозивна направа од дрон додека луѓето биле на улица. РИА понатаму пишува дека ова е втор напад на санаториум во селото Лави во средата наутро. Во првиот напад Украина фрлила две гранати, тврдат тие, при што биле скршени стаклата, но немало жртви.

    Ова село се наоѓа на околу 22 километри од границата со Украина. Од април 2022 година, регионот Белгород постојано беше цел на напади. Украина се уште не ги коментираше нападите со беспилотни летала утринава во овој регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img